Моника Силјановска

Моника Силјановска е класичен филолог, професор по латински и старогрчки јазик. Дипломирала на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Своите знаења од областа на новогрчкиот јазик ги продлабочува на Аристотеловиот универзитетот во Солун и на Европскиот универзитет во Јанина, Грција. 

Предава латински и старогрчки јазик во неколку скопски гимназии. Повеќе од две децении активно се занимава со предавање на новогрчки јазик, прво како дел од наставниот кадар во Профундум, во чии рамки учествувала на заеднички проекти со ОБСЕ и Проксима, но и како преведувач на конференции во земјата и во странство, а потоа и во Центарот за странски јазици – Скопје, како професор по грчки јазик.

Нејзините преводи се објавувани во неколку периодики и списанија. Автор е на преводот од латински на „Избор од Summa Theologica” од Тома Аквински, како и на преводот од грчки на монографијата „Црквите во светот посветени на Премудроста Божја – Света Софија” во издание на Грчкиот парламент. Работи на неколку книжевни преводи од грчки и од латински јазик.

Моника Силјановска 2