Оддел за архитектура

Црковната архитектура по своето устројство е поблиска до музиката отколку до скулптурата. Таа има свој тоналитет, скала на пропорции, ритам и композиција, структура и облик. Времето во овие објекти е клучната категорија што треба да се земе предвид кога се пристапува кон нив. Тоа не подразбира дека се негира просторната реалност, туку неопходно е да се потенцира нејзината условеност од времето.

Dsc 0727

Надворешниот статичен изглед на градбата не е од примарно значење, туку начинот како е тој изграден. Тоа е особено важно кога се пристапува кон какви било интервенции на градбата и кон нејзино правилно одржување. Пред сѐ, треба да се знае начинот и процесот на изградбата. Динамиката и движењето во процесот, временски расчленети, го доловуваат надворешниот изглед, но и она што е можеби уште поважно, а тоа се: составот, начинот и квалитетот на вграденото во зданието.

Во градењето се покажува динамиката на процесот, односно постепеното откривање на градбата. Архетип на ваквото постепено создавање е Шестодневот. Архитектурата му е слична на целото создание. Таа е жива и се движи во времето. Црковното градителство е печат, одраз на Премудроста Божја која ни се открива, а не се докажува. На тој начин во времето постепено се обликува просторот, но веќе оформениот простор ги чува (ги спасува од заборав) времињата низ кои се движел.

Затоа, при интервенциите не треба да се фокусираме само на еден период, дури и да бил тој првобитниот, туку не оставајќи ништо настрана, напластено како палимпсест, заради почит кон сите родови низ сите векови, треба да изнајдеме начин како и со кои средства да пристапуваме, односно со каков приод треба да пристапиме кон творештвата за да бидеме достојни наследници.

Во тој дух се сообразува и одделот за архитектура при ПАНЕПИСТИМИО, чијашто главна цел е истражување на градителскиот систем на византиската сакрална архитектура со нејзините архитектонски, материјални и богословски аспекти. Денес тоа е насушна потреба, како при пристапот за реставрација на големиот број на објекти од тој период, така и при процесот на проектирање и градење на нови православни храмови во духот на Преданието.

Dsc 0755
Со одделот раководи: