Оддел за филологија

Во срцето на ПАНЕПИСТИМИО негуваме повеќе од зборови; ние го бараме изворот на нашата цивилизација, каде што се среќаваат минатото и сегашноста. Овде, корените на европскиот дух дишат преку двата свети јазика – старогрчкиот и латинскиот.

Нашата мисија е да ги разбудиме и истражиме овие јазици кои низ вековите го обликуваа знаењето, правото и уметноста. Преку нив, нуркаме во длабочините на древните ракописи и приказните врежани во камен, откривајќи го шепотот на Антиката и на Византија.

Старогрчкиот јазик, како јазик на философијата и трагедијата, е нашата порта кон мудроста на Платон и епската моќ на Хомер. Латинскиот, како глас на Империјата и правото, е нашата врска со мислата на Кикерон и основите на западната цивилизација.

Оддел за филологија 2

Овде, градиме мостови од овие древни јазици кон современите европски хоризонти, покажувајќи како зборовите на хероите, философите и поетите продолжуваат да живеат во нашите сопствени творби. Логосот, во својата изворна моќ, станува светилник којшто го осветлува патот на знаењето, духовноста и културниот идентитет.

Во созвучје со другите уметности и науки, ние го претвораме учењето во колективна химна на духот, каде што секој збор е откритие, а секој ракопис е приказна.

Тенденцијата на одделот Филологија е и актуализација на потрагата по црковнословенските основи на современиот македонски јазик.

Во рамките на Панепистимио постои и школата за новогрчки јазик во која, преку современи методи се изучува и применува овој современ јазик кој почива на основите на старогрчкиот.

Една од целите на одделот Филологија е и издаваштво на преводи на македонски јазик од старогрчки, латински и грчки јазик.

Со одделот раководи: