Научно-истражувачкиот и културно-едукативен центар ПАНЕПИСТИМИО е плод на долгогодишниот труд, визија и ангажман на неговите основачи. Панепистимио е сотворение на онтички топос како интенционалност кон облик, како движење кон логосот што ја осуштествува самата суштина, како естетичка телеологија на самата стварност.
Нашата визија
Нашата визија е создавање на заедница во која се негува независното научно истражување, и простор за интелектуална размена, која излегува од рамките на институционалните ограничувања, место каде што се негува научната мисла и креативноста.
Нашата мисија
Воден од вредности како слобода на мислата, интегритет и етика, отвореност и креативност – како темели на секое вистинско истражување – центарот се стреми да биде препознаен не само како институција на знаење, туку и како заедница што придонесува кон домашниот и меѓународен културен и научен разговор.
Нашите цели