Оддел за современи медиуми

Современите медиуми не се прекин, туку продолжение. Тие не ја разоруваат светата ткаенина на минатото, туку ја протегаат во непосетени простори. Секој медиум е дом, а секој дом е простор кој чека да биде озарен од светлината на сведоштвото. Посветено бдеејќи врз времињата минати, смело пловејќи по утрешното море за себеси да се подготвиме за тоа што следи после иднината, е постапка на откривање на вистината преку парадоксалното спојување на древното и актуелното.

Дигиталниот хоризонт што нѐ очекува не е замена, туку потенција во пикселот да засвети праискрата. Без разлика на времето, уметноста останува молитва на човечкиот дух кон тајната што нѐ надминува. Многубројните уметнички постапки, од -измите па наваму, нѐ уверуваат дека ние, иако џуџиња, можеме да застанеме на рамениците на џиновите пред нас и нашиот поглед да дофрли далеку. Трезвеното испитување на уметноста која талка низ лавиринтот на современоста, не само што во човековата креација препознава повеќе од збирка експонати, туку го согледува опсегот на артикулираната човечка имагинација што се протега од височините на имагинативното небо до длабочините на имагинативниот пекол.

6. Оддел за современи медиуми насловна и 2

Уметноста е човечка апокалипса, откровение на човекот за човекот, а критичкото набљудување на таа уметност не е тело кое носи пресуди, туку свест за тоа откровение, последниот суд на човештвото.

Станувајќи свесни за речиси бескрајните достигнувања на денешницата, можеме наследството да го пренесеме без да го сведеме на илустрација, а технологиите и техниките да понудат подобар увид во разбирањето, проверувањето и продолжувањето, наместо да стануваат предмет на обожување. Ова е мигот на премостување на минатото кое сѐ уште говори кон иднината што веќе нѐ прашува.

Со одделот раководи: