Визија и цели на Панепистимио
Нашата визија
Нашата визија е создавање на заедница во која се негува независното научно истражување, и простор за интелектуална размена, која излегува од рамките на институционалните ограничувања, место каде што се негува научната мисла и креативноста. ПАНЕПИСТИМИО се стреми кон обединување на науката, уметноста и образованието во современ контекст. Визијата на ПАНЕПИСТИМИО е да стане жив и отворен центар на интердисциплинарен дијалог, кој ќе ја афирмира Македонија како јадро на духовниот и интелектуален развој.
Нашата мисија
- Да поттикнуваме научни истражувања кои ќе дадат свој придонес кон развој на македонската научна мисла.
- Да развиваме програми кои го развиваат работењето на секој оддел поединечно, но и програми кои во себе вклопуваат истражувања и соработка на повеќе дисциплини.
- Да изградиме мрежа на меѓународна соработка – за да учиме едни од други и да создаваме заедно.
Воден од вредности како слобода на мислата, интегритет и етика, отвореност и креативност – како темели на секое вистинско истражување – центарот се стреми да биде препознаен не само како институција на знаење, туку и како заедница што придонесува кон домашниот и меѓународен културен и научен разговор. ПАНЕПИСТИМИО постои за да остави свој траен белег врз ткивото на македонската стварност.
Нашите цели
- Потрага по знаење и вистина – без оглед дали станува збор за наука, уметност или образование, сите оддели на ПАНЕПИСТИМИО се стремат кон продлабочување на разбирањето за светот и човекот.
- Интердисциплинарност – соработката меѓу различните научни, културни и образовни дисциплини има цел да изнедрува нови идеи, и да ги руши бариерите меѓу областите. Во ПАНЕПИСТИМИО се негува интердисциплинарниот пристап во науката.
- Креативност и иновација – заедничкиот дух на ПАНЕПИСТИМИО изнаоѓа нови форми на израз, нови решенија и нови патишта за културен и интелектуален развој.
- Општествена одговорност – сите оддели на ПАНЕПИСТИМИО ја гледаат својата дејност како придонес кон пошироката научна заедница, културата и иднината на Македонија.
- Слобода на мислата – ПАНЕПИСТИМИО постои како независен простор кој ја штити критичката мисла и ја негува слободата на интелектуалното и креативното изразување.