Драгица Солунчева

Драгица Солунчева дипломирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Институтот по философија, и е наставник по философија, логика и етика во скопската гимназија „Раде Јовчевски – Корчаргин“. Учествува во многу обуки, проекти, културни настани и философски симпозиуми.

Била предавач по театарска и филмска уметност во рамките на проектот Урбана култура во гимназијата „Орце Николов“, преведувач по англиски јазик во Независната новинска агенција „Макфакс“, координатор на Комисијата на професори по групата философски предмети во основното и средното образование при Философското друштво на Македонија и наставник по философија во Уметничкото средно училиште „Лазар Личеноски“.

Предмет на нејзините философски рефлексии се естетички и културолошки истражувања. Поседува теоретско познавање на театарската уметност и има актерско искуство во рамките на алтернативни театри во Скопје.

Драгица Солунчева 2