Оддел за музика

Панепистимио ја согледува музиката како тоталитет од естетски, уметнички и епистемички полиња на создавање смисла низ бесконечни тонски облици и форми што настануваат во време.
Всушност, музиката генерира значење во определен временски и просторен контекст, секогаш современува, но никогаш не постои без она што дијахрониски го збила во себе како класичност и култност.

Современиот македонски дух, за да постигне историска релевантност и стварност, неизбежно мора да ја постави Византиската композиторска литургиска и секуларна музика како своја сопствена класична музика и вечно исходиште.

1. Оддел за музика 2

Сите историски пројавени класични музички традиции во збиднината (повеста, историјата) на светот воделе кон култот и извирале од него, националните музички школи го ползувале низ парцијалните секуларни самоизградувања, а индивидуалните концептуални и деконструктивни музички практики и во својата иконокластичност неизбежно повторно реферирале кон него.

Музиката е синтеза на теориски (ἐπιστήμη) и практични (τέχνη) начела, и обете изискуваат нивно систематско изучување. Панепистимио тежнее кон создавање услови за совршена образовна прагма. Музичкиот оддел на Панепистимио веќе ја организира Школата за црковна музика на Скопската епархија на МПЦ-ОА.

Со одделот раководи: