Игор Котларовски

Игор Котларовски е дипломиран инженер архитект со над 20-годишно практично искуство во проектирање, надзор и изградба на објекти. Работи во областа на црковната и станбената архитектура, како и на уредувањето јавни урбани простори.

Во неговото портфолио се вбројуваат бројни реализирани проекти, меѓу кои и православни храмови низ Македонија и објекти за индивидуално и колективно домување. Посебно значајни се истражувачките и градителски активности во манастирските комплекси Успение на Пресвета Богородица во Јанковец, Св. Пантелејмон во Нерези, Св. Кирил и Методиј во Блатец … што ја нагласува личната потреба од длабоко познавање на градителските системи на Православната Црква.

Тој е автор и коавтор на научни трудови и публикации, вклучувајќи го и трудот за „Средновековните градителски системи и реставрацијата на византиските цркви“. Оваа експертиза е препознаена и во академските кругови, па од 2014 година активно учествува во наставата на Архитектонскиот факултет во Скопје како стручњак од праксата, пренесувајќи го своето искуство на студентите. Учествувал и презентирал на изложби и трибини за состојбата на културното наследство во Македонија.

Врз основа на долгогодишното искуство, полето на неговиот интерес опфаќа теми од:

Црковната архитектура: истражување, проектирање и изградба на православни храмови во согласност со Преданието на Цркавата од Исток.

Реставрацијата на културното наследство: Примена на изворните градителски системи во процесот на реконструкција и реставрација.

Урбанистичко планирање: уредување на јавни урбани простори и објекти. 

Игор Котларовски 2