Оддел за философија

Од Философијата исходи сето битно битисувачко на духот, на бесконечно многу начини и во неа повторно истото се враќа. Таа е иступление (екстаза) на логосот кон неговата надворност, кон прашањето што-битие-е, кон светот како простор на неговото делување, што твори повратност на делувачкото и ја создава самосвеста како услов за слобода.

За Платон таа е „разговор на душата сама со себе“, а во духот на германските класични философи, низ философијата сиот универзум се мисли самиот себеси во поимот за себе како највисоката форма на знаењето. Таа го има тоталитетот како сопствен предмет, системот на светот, Вистината по себе и за себе, и во таа потрага по Апсолутот, таа го споделува подрачјето на богопознанието со теологијата.

Оддел за философија 2

Философијата е онтологија, но и естетика и етика на метаниво. Во философската рефлексија се родени поимите на сите посебни науки и нивните епистемички полиња, а во нејзините откритија на логичките закони како граница, методолошки им е овозможено на науките да бидат пренесувани со логично и смисловно знаење. Таа е нивната метафизика. Учење и подучување во исто време, култура на расправа, борба за одвојување на суштинските од несуштинските нешта. Всушност, таа го раѓа дијалогосот како тропос на логосот, и секој разговор без нејзината метаперспектива крајно се разлогосува.

Панепистимио се едначи со универзитет, σχολή (scholē), место на кое се среќаваат и се образуваат слободни луѓе. Φилософијата го овозможува нивното довршување, но и завршување на сите нивни дејствија и дела.

Со одделот раководи: